Манчестер Јунајтед го очекува супер предизвик во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ силите ќе ги одмерат со моќната Барселона. Каталонците утре вечер гостуваат на Олд Трафорд, а менаџерот на домаќините Оле гунар Солскјер изјави тактиката да се запре Лионел Меси ќе биде погубна, бидејќи во екипата имаше неколку квалитетни фудбалери.
Меси е фантастичен играч кој ќе влезе во историјата како еден од најдобрите фудбалери. Тешко е да го запреш, но не е невозможно. Ова не двомеч Меси против Манчестер Јунајтед, туку Барселона против клубот кој го предводам. Барселона во својот тим ги има Суарез, Кутињо, Дембеле и уште неколку квалитетни фудбалери. Фокусот мора да биде на сите 11 фудбалери, а не само на Меси. Нашите дефанзивци ќе бидат на сериозен испит и ќе видиме како ќе испадне на крајот. – изјави Солскјер.
Норвежанецот на клупата од Манчестер Јунајтед смета дека првиот меч на Олд Трафорд нема да ги реши дилемите и оти одлуката за патникот во 1/2 финалето ќе падне на Ноу Камп на реваншто за недела дена. Утрешниот меч ќе започне во 21 часот.
OhridNews