Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле гунар Солскјер не го криеше разочарувањето после поразот 4-0 на Гудисон Парк од составот на Евертон. Солскјер им се извини на навивачите кои допатуваат во Ливерпул, а им упати јасна порака на фудбалерите дека ќе мора да се сменат односно да размислат за својата иднина на Олд Трафорд.

  • Во сите сегменти бевме поразени. Единствена наша светла точка беа навивачите и само тука можеме да речиме дека победивме. Затоа сакам да им се извинам на навивачите за лошата претстава. На почетокот имавме добри резултати, но сега не е тоа случај. Тешко е да влезеш во најдобрите четири екипи. Пред нас има многу работа. Мора да се консолидираме и  да се подготвиме за завршниот дел од сезоната. Мора да почниме од некаде, ќе дадеме се од себе на последните четири мечеви да ги направиме навивачите среќни. Јас одлучив да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед и да победувам, а некои од играчите мора да се замислат и да одлучат дали сакаат да бидат од тој проект. – изјави менаџерот на „ѓаволите“, Солскјер.

Манчестер Јунајтед се` уште е во игра за пласман во ТОП 4, но со најмали шанси од Челси, Арсенал и Тотенхем. Во прилог на клубот од Олд Трафорд не оди ниту распоредот до крајот на сезоната. „Ѓаволите“ на домашен терен играат со Манчестер Сити, Челси и Кардиф, а гостуваат кај тимот на Хадерсфилд.

OhridNews