Победничката серија и добрата форма од Премиер лигата, избраниците на Оле гунар Солскјаер ја пресликаа во ФА Купот победувајќи го Ридинг (2-0) на Олд Трафорд во третата рунда од натпреварувањето.

Дилемите околу победникот фудбалерите на Манчестер Јунајтед ги решија во првото полувреме. Хуан Мата во 22-та минута погоди од белата точка, а во судиското продолжение водството го дуплираше Ромелу Лукаку. Во вториот дел домаќините со организирана игра ја задржаа предноста и обезбедија пласман во четвртото коло.

Премиерлигашкото дерби помеѓу Бурнмаут и Брајтон им припадна на гостите со 3-1, додека пласман од екипите кои доаѓаат од Премиер лигата обезбедија Барнли кој славеше 1-0 над Барнлси и Вест Хем кој со 2-0 го совлада Бирмингем.

OhridNews