Ниту Арсенал пред своите гледачи не најде лек да го запре налетот на „црвените ѓаволи“ кои газат се пред себе после доаѓањето на Оле гунар Солскјаер на клупата. Манчестер Јунајтед со 3-1 го совлада големиот ривал и обезбеди пласман во петтата рунда од ФА купот.

Изгледавме како вистинска екипа. Напорно се подготвуваме и на крајот се исплатеше. Обративме многу внимание на одбраната и контранападите. Конечниот резултатот покажува сигурна победа но не беше така. Нам ни е потребно мал одмор затоа што не очекуваат уште тешки и важни натпревари, но ја имаме неопходната свежина и тимската хемија да продолжиме во ист ритам. Контра нападите се заштитен знак на Манчестер Јунајтед. Сигурно се сеќавате на Руни, Роналдо и Парк Џи Сунг кои постигнаа неверојатен погодок на Емирати после контра напад. – изјави Солскјаер.

Норвежанецот алудираше на натпреварот кој Арсенал и Манчестер Јунајтед го одиграа во 1/2 финалето во 2009 година во Лигата на Шампиони. „Ѓаволите“ предводени од Сер Алекс Фергусон го победија Арсенал со идентичен резултат (3-1) и обезбедија пласман во финалето, а Руни, Парк и Роналдо продуцираа контра напад од школските учебници.

Во вторник, Манчестер Јунајтед продолжува со своите обврски во Премиер лигата, а силите ќе ги одмери со Барнли на домашен терен.

OhridNews

ФА куп: „Ѓаволска“ забава на Емирати (видео)