Серијата без пораз на Манчестер Јунајтед под водство на Оле гунар Солскјаер во Премиер лигата заврши на стадионот „Емирати“, откако Арсенал со 2-0 славеше во дербито на колото. Стрелци на головите за домашниот состав беа Гранит Џака и Пјер Америк Обамејанг кој го погоди од белата точка.
- Бавно го започнавме натпреварот, но тоа е последица од она што се случуваше во средата против Пари Сент Жермен. И во таков случај успеавме да створиме повеќе шанси отколку во онаа победа од 3-1 во ФА Купот. Добро игравме, но резултатот е многу лош. Вакви работи се случуваат и не треба да се разочараме, туку да продолжиме во ист ритам. – изјави Солскјаер.
Норвежанецот се осврна на спорниот пенал кој во погодок го претвори Обамјенаг и ги реши дилемите околу победникот.
- Мислам дека судијата ќе биде разочаран кога ќе ја погледне видео снимката, затоа што пенал не постоеше. При постигнување на погодокот на Џака топката се движеше чудно и Де Геа е разочаран за неговиот кикс. – додаде менаџерот на „ѓаволи“.
Шанса за поправен и враќање на победничките патеки фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе имаат викендов кој доаѓа во мечевите од ФА Купот. „Ѓаволите“ гостуваат во 1/4 финалето гостуваат кај Вулверхемптон.
OhridNews