Фудбалската легенда на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солксјаер имаше повеќе од посакуван почеток на клупата од „црвените ѓаволи“ победувајќи го Кардиф со 5-1 на гостински терен. Избраниците на Норвежанецот покажаа желба и глад за фудбал, нешто што го немаше последниов период под водство на Жозе Мурињо кој доби отказ.

  • Фудбалот е едноставна игра кога имате добри фудбалери. Фудбалерите се брилијатни и друштвени и нивниот квалитет е неверојатен. Дојдов во средата вечерта, а со момците можев да се дружам во четвртокот и петокот. Вејн Руни многу ми помогна со советите кои ми ги прати. Тој ми рече да ги оставам да играат фудбал и да уживаат, бидејќи се дел од Манчестер Јунајтед. То и го барав нив затоа што имаа турбелтна недела. Одговорија фантастично и се надевам дека ова ќе биде почеток на една добра полусезона. – изјави Солскјаер.

45-годишниот стратег деби на Олд Трафорд ќе има в среда против тимот на Хадерсфилд. – Немаме многу време за радост и подготовка. Ќе работиме на ситниците кои можат многу да значат во овој период од сезоната. Морам уште еднаш да ги пофалам момците кои заслужено ќе уживаат во празниците. 

Манчестер Јунајтед смена три тренери Дејвид Мојс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо, а никој нив не успеа да постигне пет погодоци на еден натпревар. Последен менаџер со таков учинок беше Сер Алекс Фергусон кој на последниот меч на клупата од Манчестер Јунајтед ремизираше 5-5 со Вест Бромвич Албион.

OhridNews