Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер имаше само пофални зборови за Клаудио Раниери и тимот на Фулам кои се следни ривали на „црвените ѓаволи“ во англиската Премиер лига. Норвежанецот го препороди Манчестер Јунајтед кој под негово водство победи на девет од десет натпревари.
- Одиме чекор по чекор. Последните два месеци се фантастични, но сега е важно да напредуваме и да продолжиме со победничката серија. Не треба да се задоволуваме со она што до сега го направивме. Мора да бидеме фокусирани против Фулам, мора да знаеме дека само тој натпревар е важен. Може да размислуваме за мечевите со ПСЖ, Челси и Ливерпул, но тоа не се натпревари на кои можеме да напредуваме. Не знам во каква ситуација се наоѓа Фулам, но тие против Лестер потврдија дека се способни да направат нешто повеќе. Раниери е менаџер на кој му се дивеев. Неколку акции ги копирав од него и отприлика знам што не очекува. – изјави Оле гунар Солскјаер.
Солскјаер дополни дека чувствува оти допринесува за клубот и фудбалерите го сакаат, но дека ниту тој, ниту фудбалерите не одлучуваат за неговата иднина. Пред мечот со Фулам, Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Фил Џонс. Повремениот англиски репрезентативец потпиша нов четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“.
- Чуствувам секојдневно дека допринесувам за клубот. Но некои одлуку не зависат од мене, ниту од играчите кои сакаат да останам. Визија имам и знам како сакам да изгледа тимот за неколку години. Новиот договор за Џонс значи дека им верувам на играчите. Џонс долго време е тука и знае што значи Манчестер Јунајтед. – додаде Солскјаер.
Натпреварот на „Кревен Котиџ“ стадионот ќе се одигра в сабота (утре) со почеток во 13 часот и 30 минути.
OhridNews