Фудбалерите на Ливерпул имаат четири бодови предност на врвот од табелата после одигрувањето на поголем дел од натпреварите во 18-та рунда од Премиер лигата. Некомплетната 18-та рунда ја одбележа и Манчестер Јунајтед кој со триумф 5-1 над Кардиф ја почна новата авантура со Оле гунар Солскјаер на клупата.

„Црвените“, синоќа со победа над Вулверхемптон (2-0) завршија работа, но Манчестер Сити „падна“ на домашен терен против Кристал Палас претрпувајќи пораз 3-2 и разликата на табелата остана четири бодови.

Норвежанецот на клупата од Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјаер имаше почеток од соништата, откако неговите избрани победија 5-1 против Кардиф. „Црвените ѓаволи“ одиграа маестрален натпревар и најавија подобри времиња на клубот во Премиер лигата. Головите за гостите од Олд Трафод ги постигнаа Маркус Рашфорд, Андер Ерера, Ентони Марсија и Џеси Лингард кој два пати беше прецизен. Почесниот погодок за домаќините го постигна Виктор Карамаса.

Резултати: Арсенал – Барнли 3-1, Бурнмаут – Брајтон 2-0, Челси – Лестер 0-1, Хадерсфилд – Саутемптон 1-3, Мен Сити – Кристал Палас 2-3, Њукасл – Фулам 0-0, Вест Хем – Ватфорд 0-2, Кардиф – Мен Ју 1-5.

Табела: Ливерпул 48, Мен Сити 44, Тотенхем 39, Челси 37, Арсенал 37, Мен Ју 29…

OhridNews