Манчестер Јунајтед режираше нов историски пресврт во Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ со 3-1 го совладаа Пари Сент Жермен и надополнија негатива од два голови (2-0) од првиот меч одигран на Олд Трафорд. Никоја екипа до сега не обезбедила пласман понатаму кога во првиот меч изгубила на домашен терен со два погодоци разлика.
Фантастичен резултат. Вербата на играчите беше каква што посакувавме. Одлично го започнавме натпреварот, планиравме да постигнеме први погодок, но не очекувавме дека ќе се случи уште на стартот. Играта се отвори, но стрпливо игравме без многу брзање и на крајот се исплатеше. Разговорав со моите играчи за мечот Реал Мадрид – Ајакс, за мечот помеѓу Реал Мадрид – Јувентус минатата година и Барселона – ПСЖ пред две сезони и направивме пресврт својствен за Манчестер Јунајтед. – изјави Солскјаер.
Тој даде свое видување за пеналот кој Рашфорд го реализираше, а главниот судија Дамир Скомина го досуди после играње со рака во казнетиот простор.
Секогаш постои сомнеж кога ќе досуди пенал. Кога го водев Молде против Базел мој играч го промаши и отпаднавме. Сега младиот Рашфорд погоди иако беше под голем притисок. – истакна Норвежанецот.
Покрај англискиот премиерлигаш пласман во ТОП 8 обезбедија Порто, Ајакс и Тотенхем.
OhridNews