Норвежанецот на клупата од Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер имаше победничка премиера на Олд Трафорд пред симпатизерите на „црвените ѓаволи“. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со 3-1 го совладаа Хадерсфилд кој пружи солиден отпор.
- Резултатот е добар. Почнавме полека и не создадовме прилики за погодок на стартот од мечот. Но, го убрзавме темпото и падна првиот погодок. Посакував пред крајот на првиот дел иницијативата да ја крунисаме со нов погодок, но не успеавме. Во второто полувреме се мачевме десеттина минути. Крила ни даде Де Геа кој со бравурозна одбрана спаси погодок и изедначување. Потоа со два голови на Погба стигнавме до комотна предност и победа. – изјави Солскјаер.
Норвежанецот не штедеше пофали зборови за Пол Погба кој постигна два погодоци. Французинот погоди за 2-0 и 3-0, а првиот погодок беше дело на Немања Матиќ.
- Беше добро да се види како постигнува два погодоци. Асистираше минатиот меч со Кардиф, а сега се запиша во листата на стрелци. Ќе биде уште подобар, верувајте ми. Изгледавме и уморно, затоа во овие два три дена ќе ги искористиме да се одмориме и подготвени да го дочека мечот со Бурнмаут. – додаде Солскјаер.
За дуелот со Бурнмаут кој е закажан за в недела Солскјаер на располагање ќе ги има Ентони Марсијал, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку. Марсијал мечот со Хадерсфилд го пропушти поради настинка, Лукаку поради смртен случај во семејството не беше дел од тимот, а Алексис ја залечи повредата на ногата која го оддалечи три недели од терените.
OhridNews