Охришанецот Димитар Камнаровски дебитираше за новиот клуб Ситард на првиот спидо натпревар одржан Валкенбург, на кој учествуваа најдобрите шест клуба во Холандија. 


Тој беше дел од штафетата 4 пати по 50 метри која го освои првото место. На трката 100 метри тој освои поени но не го поправи својот најдобар резултат, 1.32.73 а исплива 1.35.93

Ниту на трката на 50 метри не го поправи својот најдобар резултат пливајќи 37.00, но најбитно е тоа што освои нови поени на клупското конто.

М.П.