Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2015/2016 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 9.5%, а бројот на посетителите е намален за 1.4% во однос на сезоната 2014/2015 година. Овие податоци се однесуваат на вкупните бројки за сите театри во земјата збирно.

Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 200.

Во наведениот период претставите на Народниот театар од Охрид ги проследиле 5344 гледачи, соопшти Државниот завод за статистика.

 

OhridNews