Теквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид освои осум одличја на Меѓународниот теквондо ИТФ турнир кој се одржа во бугарскиот град Перник. Охридскиот клуб настапи со десет натпреварувачи од кои пет беа дебитанти и прв излегоа на мегдан надвор од македонските граници.
Еден од осумте медали е со златен сјај а се закити Јохан Парулески кој во финалето успешно се справи со сите предизвици. Елена Јанеска се искачи на второто место на пиедесталот и ја продолжи жетвата на медали од меѓународните турнири. Со сребрен медал охридскиот клуб го збогати Марио Крстески.
Од клубот искажаа голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, кој е ветар во грб на теквондистите во остварувањето на успесите.
Освојувачи на медали:
Јохан Парулески – 1 место категорија деца 8-9 год. -50 кг
Елена Јанеска – 2 место категорија кадетки 12-13 год. +60 кг
Марио Крстески – 2 место категорија јуниори 14-15 год. -50 кг
Никола Балчески – 3 место категорија јуниори 14-15 год. -50 кг
Христијана Парулеска – 3 место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг
Софија Колушоска – 3 место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг
Михаил Јоноски – 3 место категорија кадети 12-13 год. -50 кг
Давид Велковски – 3 место категорија јуниори 16-17 год. -69 кг
OhridNews