Викендов, Скопје беше домаќин на седмиот по ред Куп во гаѓање со воздушна пушка-меѓународна програма. Стрелачкиот клуб од Охрид настапи со двајца стрелци и тоа Шишкоски Михаил кој го освои 4-тото место со 560 кругови во конкуренција на сениори и Нина Балабан која го освои 3-тото место со резултат од 358 круга во конкуренција на јуниорки.
За Балабан ова е солиден резултат имајки во предвид дека таа неодамна се префрли од национална во меѓународна програма и покрај тоа што се уште можеше да се натпреварува во конкуенција на пионерки,. Стрелачката која е стипендист на АМС како млад и надежен спортист “рамо до рамо“ ги одмерува силите со кавадарчанки борејќи се за место во македонската репрезентација.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com