Едриличарите од „АМАК СП-БОФОР“, од 28.06 до 01.07.2007 год. зедоа учество на 26-та интернационална регата „ БРИЗ“, што се одржа во Варна, Бугарија, на која тие постигнаа солидни резултати :
– Во класата Ласер стандард, Љубиша Милески го освои третото место
– Во класата Опимист, во конкурнција од вкупно 51 натпреврувач, Александар Фармакоски беше петнаести, а Трпоски Добре дваесет и трети.
– Во истата класа, до 12 год. Димитар Поп- Стефанија, го освои четвртото место, а во женска конкуренција, Ивана Фармакоска , беше петта.