Македонскиот народен театар-МНТ, утревечер во рамките на сцената на Античкиот театар , премиерно ќе ја изведе театарската претстава “Соларис”.
Според изјавите на директорот на македонскиот Народен Театар , Сашо Миленковски се работи за еден комплексен проект во кој покрај актери се вклучени и балетски играчи и оперски солисти.
Претставата “Соларис” претставува најкрупен проект досега реализиран од страна на оваа театарска куќа, кој во иднина ќе продолжи да се игра на Балканот и во светот, додаде Миленковски.
сцената за „Соларис“ на Античкиот театар
Режијата , сценографијата и изборот на музиката , е на Златко Славјански , според кого “Соларис“ е нешто што произлегува од сонцето „.Основната идеја беше да го поставиме клучното прашање ако луѓето се направени од сонце , дали тогаш и светат како сонце. “- рече режисерот Славјански.
Организаторот очекува претставата „Соларис“ која е трета премиера на Охридско лето оваа година да го исполни Античкиот тератар во Охрид.
ohridnews