Тренерот на „кралевите“ Сантијаго Солари одби да се соочи со навивачите на Реал Мадирд после поразот и елиминацијата од Барселона во шпанскиот Куп побегнувајќи со својот автомобил. Видеото од бегството на Солари од навивачите стана хит на социјалните мрежи, но и голем доказ што точно се случува во актуелниот европски првак.

На Реал Мадрид тешко му оди во пост ерата од Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан. Португалецот од клубот замина после девет успешни сезони, додека францускиот стручњак со „кралевите“ успеваше три пати во серија да ја освои титулата во ЛШ.

OhridNews