Швајцарскиот пилот и авантурист Бертран Пикар со својот соларен авион, рано изутринава полета од њујоршкиот аеродром „Кенеди“ кон Европа преку Атлатскиот Океан, како последна етапа од неговиот план за експерименален лет околу светот.
Летот на авионот кој работи на сончева енергија „Солар Импулс 2“, е планирано да трае 90 часа, пред тој да слета во Севиља. Притоа, времето предвидено за одмор на пилотот, односно за спиење, е многу кратко.
„Сончевиот авион“ претходно го прелета и Тихиот Океан, за потоа, во април, од Калифорнија долета во Њујорк.
Ова патување има за цел промовирање на користењето чиста енергија, и поттикнување на свеста за многубројните позитивни придобивки од тоа.
OhridNews
Извор:„Утрински Весник“