Солана кој денеска ќе оствари средба со македонскиот државен врв и лидерите на ДУИ и СДСМ, најави дека Европската комисија ќе ја одобри визната либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, која треба да започне да се применува од 1 јануари 2010 година.
Солана во земјава допатува од Белград, а во рамки на мини балканската турнеја ќе ги посети уште и Подгорица и Приштина. Шпанскиот дипломат најави заминување од политиката оваа есен, а неговиот наследник ќе има сериозна задача да го пополни европскиот мозаик со земјите од Балканот пред кои претстои клучниот период за изполнување на стандардите за интеграција во ЕУ.