По успешната имплементација во тенисот, каде компјутерски се означува патот на топката, популарното „Соколово око“многу лесно наскоро може да почне да се применува и во фудбалот и тоа на натпреварите во Англиската Премиер лига.

”Соколовото Око “ се применува на сите големи тениски натпревари, како и во крикетот.Иноваторот, Пол Хакинс, за Би-Би-Си изјавил дека има потпишано договор со Премиер лигата и неговиот изум ке почне да се применува на гол-линијата во ситуации кога е тешко да се процени дали топката ја минала гол линијата или не .

“Имаме договор со Премиер лигата ,за да го усовршиме овај изум моментално го тестираме во акедемијата во Ридинг. Доколку Премиер лигата и ФИФА дадат зелено светло ќе го пробаме и на официјални натпревари. Но, системот според најавите, на почетокот ќе им биде достапен само на судиите , а не и на телевизијата”  – нагласи Хокинс .

М.Постоловски