Со осум погодоци од кои седум во вториот дел Борче Соколов беше најзаслужен за триумфот на охридските сини во првиот дуел од плејаут лигата.
– Незнам зошто но мечот го почнав во грч и неможев да влезам во ритам. По погодените удари на стартот од вториот дел се опуштив и му помогнав на екипата да стигне до вреден триумф во плејаут лигата – рече Соколов.
Во продолжението од сезоната Соколов го покажува вистинското лице и покажува дека донесувањето од Зомимак во охридскиот состав бил правилен потег на Горан Андоновски.
Мх.П.