Екс играчот на Амак СП, Дарко Соколов имаше мирна рака во последниот напад и со двете слободни фрлања донесе предност и победа за “штрковите“.

Соколов краток период помина во дресот на охридскиот лигаш, а остана запаметен во клубот како кошаркар кој постигнал најмногу поени во еден натпревар за Амак.

Во неверојатниот натпревар со 285 поени и три продолженија Амак славеше над Вардар Осигурување со 145:140, а јунак на натпреварот тогаш беше Соколов кој средбата ја заврши со 45 поени.

М.П.