По победата над Неготино на премиерата од Втората лига охридските кошаркарите гостуваат во Скопје, кај екипата Карпош Соколи.


Екипата на Карпош Соколи во која настапуваат поранешните кошаркари на АМАК СП, Ангел Тасевски и Иван Саздовски со убедливиот триумф над Тетекс во првото коло се издвои како главен фаворит за обезбедување прволигашки статус.


– Не очекува тешко гостување во Скопје. Играме против едни од фаворитите за висок пласман тимот. Во секој случај ние сме подготвени за ова гостување, каде конечно ќе ги одмериме силите со вистински противник  против кого ќе може да видиме кои се нашите можности – истакна Весна Балазоска, тренерот на охридските кошаркари.

Охриѓани на првото гостување сезонава ќе настапат дополнително засилени откако на екипата и се придружи Николче Кузески поранешен играч на АМАК СП на плејмејкерската позиција.

Мх.П.