Сојузот на иднината со соопштение реагираше на вчерашната прес-конференција на  кандидатот на коалицијата “За подобра Македонија “ за градоначалник на општината Дебарца Игор Трајкоски. Во него се наведува дека тој сакајќи да собере поен плус  во жестоката битка за кандидат за градоначалник на општината Дебарца  изнел неосновани  и небулозни обвиненија против  кандидатот за градоначалник на коалицијата “Сојуз за иднината”, актуелниот градоначалникот на општината Дебарца, Љупчо Којчиноски, притоа манипулирајќи  со граѓаните на Дебарца и со целата јавност.

-Првата небулоза и манипулација со јавноста која беше изречена се однесува на начинот на кој Г-динот Љубен Стојкоски, секретар на општината Дебарца и актуелен Претседател на Општинската организација на СДСМ-Дебарца е именуван за претседател на Општинската изборна комисија Дебарца, а кое нешто за нашиот противкандидат Трајкоски било рамно на изборен фалсификат. Согласно Изборниот законик членовите на Општинските изборни комисии  ги именува Државната изборна комисија од редот на државните службеници, со високо образование, по случаен избор и со мандат од 5 години.Значи, тоа не го прави градоначалникот на општината.Г-динот Стојкоски за претседател на Општинската изборна комисија Дебарца е избран во мај 2011 година, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори. Г-динот Трајкоски тоа добро го знае и не ни е јасно зошто ја замајува јавноста кога и тој во 2011 година  на ист начин беше именуван за член на Општинската изборна комисија Дебарца, на која должност беше до прифаќањето на неговата кандидатура за градоначалник на општината, кога по сила на законот беше разрешен од член на комисијата.-стои во соопштението.

Од Сојузот на иднината велат дека не е точно ниту тврдењето на противкандидатот  дека во општината не бил реализиран ниту еден проект.

-Имено, и покрај ограничените финансиски средства општината токму благодарение на домаќинското и одговорно раководење од страна на градоначалникот во изминатиот период реализира повеќе инфраструктурни проекти, кои можат да се видат во Отчетот на градоначалникот за изминатиот четиригодишен мандат, а видливи се и на дело. Мораме да признаеме дека постоеше можност да се реализира и повеќе, но зошто тоа не е направено причината треба да се бара во игнорантскиот однос на централната власт, чиј носител е ВМРО ДПМНЕ кон општината Дебарца. Ваквото тврдење можеме да го поткрепиме со неколку општопознати факти:

-во 2011 година  од страна на Министерството за финансии не ни беше исплатена месечната рата за месец декември од ДДВ-то, која ни следува по Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа;
-истото се случи со една рата од наменските дотации за основното образование;
-постојано доцнат ратите од ДДВ-то ;
-постојано се намалуваат средствата на Агенцијата за државните патишта наменети за општинските патишта, како и  средствата наменети за регионалниот развој за кои аплицираат општините.-се баведува во реакцијата.

Оттаму ги негираат и обвинувањата за ветени, а не реализирани приоекти, посочувајќи дека проблемот со водоснабдувањето на село Ботун е решен со изградбата на нов крак од Регионалниот водоснабдителен систем, а за новиот доводен цевковод во село Климештани се чека согласност за трасата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Спортскиот полигон во Оровник е започнат, работите се прекинати поради изборниот процес и се очекува да завршат по завршувањето на изборите. Доводниот цевковод во Волино е изграден, единствено преостанува Месната заедница Волино дефинитивно да се одлучи од која страна ќе сака да се обезбеди со водоснабдување, бидејќи моментално селото е поврзано на Струшкиот водоснабдителен систем, со кој стопанисува МЈП Проаква, вечат од Сојузот на иднината.

Што се однесува до најавената ревизија на работењето на градоначалникот на општината, од изборниот штаб на кандидатот на Сојузот на иднината Љупчо Којчиноски истакнуваат декаод страна на Државниот завод за ревизија на повеќе пати и досега е вршена ревизија, а извештајот со кој е потврдено законитото работење на градоначалникот може да се види и на официјалната веб страница на Државниот завод за ревизија.

Од Сојузот на иднината се осврнувааѕ и на ветувањата на кандидатот За подобра Македонија за општина Дебрца, која како што се наведува во соопштението го кочи развојот на општината, наспроти актуелниот градоначалниук кој зад себе има конкретни дела  кој носи инвестиции, работи чесно и со љубов за Дебарца итоа веќе 16 години се докажува на избори.

OhridNews