– Средбата со градоначалникот на Охрид излезе од собирот на спортските работници во Јавното претрпријатие „Билјанини Извори“. Добро е што сите клубови се јавија на оваа средба, за да може градоначалникот да види оти спортот во Охрид иако има недостиг на финансиски средства инзистира во голем број – рече претседателот на Сојузот на спортови, Коста Карадимче.
Градоначалникот на Охрид, Бакрачески беше пријатно изненаден од одзивот на охридските клубови и спортските работници.
– Пријатно сум изненаден од одзивот и ме радува што Охрид има толкав голем број на спортски клубови и работници. На денешната средба во координација на Сојузот на спортови во Охрид да ги собереме сите спортски клубови и работници на едно место и конечно од тука да почнеме да ги решаваме нивните проблеми. Како градоначалник на Охрид можам да кажам дека ваквите средби ќе бидат почести со охридските клубови, а ова ќе биде начинот на кој Општината ќе комуницира со јавноста и спортистите – посочи Бакрачески.