Општинскиот изборен штаб на Сојузот за иднината, денеска, побара медиумски дуел со претставниците на коалицијата За подобра Македонија, со цел да се соочат делата и концептите кои го нудат двата политички блока.

-Со оглед на тоа дека оваа недела имаше огромен број неосновани прозивки од страна на ДПМНЕ, како и голем број деманти од наша страна, бараме телевизиски дуел во кој реално ќе ги соочиме делата, направеното, програмите како и идните перцепции за Охрид. Сето тоа со една единствена цел, граѓаните да ја знаат вистината, да престанеме да ги оптоваруваме секојдневно како и да ја намалиме нивната конфузност кога треба да изберат што е најдобро за градот. Затоа, ги повикувам на јавно соочување вашиот кандидат за градоначалник со нашиот кандидат, вашиот носител на листа со нашиот носител на листа,вашиот портпарол со мене на Сојузот за Иднината.-исстакна на прес конференвијата одржана денеска портпаролот на ОИШ на Сојузот на иднината Дејан Блажески.


Тој ја критикуваше вчера одржаната дебата на коалицијата За подобра Македонија посветена на заштитата на културното наследство. Според него лицемерно е да се зборува за заштита на културните добра,  кога во Заводот за заштита на културно наследство нема вработено ниту еден активен археолог?!

-Според нашите информации, а за огромна жал на охриѓани, Заводот за заштита со културното наследство деновиве е претворен и служи само како архитектонско биро за дизајнирање и печатење на политички флаери на ВМРО – ДПМНЕ, кои им служат во теков на изборнава кампања.

До кога дрквата Св. Богородина Перивлепта, црква со највредни фрески за културното наследство, ќе биде забулена и ќе личи на гулабарник?!

Кога ќе биде вратен во нормална состојба ѕидот на црквата Св. Богородица Болничка, кој беше срушен за потребите на тешката механизација?!-запраша Блажески, кој упати критики и за несоодветниот третман на Самуиловите тврдини.

Критики кон вчера одржаната трибина на коалицијата За подобра Македонија упати и кандидатот за советник Оливија Пирузева – Јанева, според која одредени културни работници повторно се деградираат како интелектуалци, и се ставаат во функција на политиката.

-Доколку овие луѓе, долгогодишни работници во Охрид навистина се загрижени за заштитата на културното наследство и држат трибини за тоа колку оваа власт направила на овој план, тогаш мораа, во името на културата, и во името на културното наследство да го истакнат долгогодишниот проблем со кој се соочува таканаречената Градска Библиотека. Жално е 150.000 книжен фонд секој ден да пропаѓа и да скапува во пакети во бедните 150 метри2 простор во библиотеката, каде нема место ниту за самите вработени, а за книгите не станува збор. Жално е, и гревно е да пропаѓаат книги кои датираат од периодот на средниот век, книги кои го испишуваат идентитетот на нашиот народ, и кои имаат непроценливо богатство.-рече Пирузева Јанева, потсетувајќи ја министерката за култура на даденото ветување дека ќе се реши овој горлив културен проблем на Охрид.

На прес конференцијата се обрати и кандидатот за градоначалник Александар Петрески, кој исто така побара медиумско соочување со својот против кандидат.

-Јас треба да бидам повикан на тв дуел од. Прифаќам на било која телевиија. Меѓутоа тие треба да ме повикаат, ако имаат храброст, јас сум потготвен во секое време, рече Петрески.

Тој возврати на критиките упатени од кандидатот за советник Дејан Паноски, кој според него, нема морален кредибилитет да зборува за неговите дела.

-Ќе му порачам на досегашниот советник Дејан Пановски, дека граѓаните не се променливи како него, што досега има три партии сменето, и дека граѓаните знаат да ги вреднуваат ветувањата од минатото, рече Петрески.

Петрески ја презентираше изборната програма во нов формат, за како што рече, политичките противници подобро да можат да ја прочитаат и да ги видат фотографиите со конкретни остварени дела.

-Граѓаните ова секојдневно го гледаат, ги користат сите овие работи што се направени, а тие не сакаат ниту да ги видат, ниту да ги прочитаат. Па, веројатно со овие слики ќе се потсетат да ги најдам некои сокачиња во Велгошти, или во Лескоец, или на други места, кои сеуште не се доправени, или не се направени. Ама, додека стигнат до тие сокачиња, ќе поминат неколку километри асфалитирани, средени патишта, и токму јас, поради тие сокачиња, уличиња кои не се доправени, се кандидирав и по трет пат, а не се доправени, затоа што имавме опструкции. Не ни даваа кредит, не спречуваа во нашите активности. Меѓутоа, тоа е најмалата работа што во првите месеци од третиот мандат што ќе ја направам.-истакна Петрески.

OhridNews