По повод Денот на независноста на Република Македонија 8-ми Септември Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, денеска во спомен паркот на Револуцијата ќе положи свежо цвеќе.
-На 8-ми Септември се навршуваат 24 години од третиот Илинден, ден кога граѓаните на Република Македонија на референдум ја изразија својата воља за самостојна, суверена и независна држава, со што се исполни сонот на многу генерации, велат од Сојузот на борци.
Оттаму потсетуваат дека во текот на овој месец се одбележуваат и уште два значајни љубилеи кои се важни за историјата на Македонија. На 1-ви септември била одбележана -71 година од формирањето на Охридско – Струшката Народноослободителна Бригада во село Велмеј, а на 6 –ти септември била одбележана- 71 година од формирањето на 6-та МНОУБ во месноста Рудина, на Караорман.
OhridNews