Фронтменот на грчки Олимпијакос, Василис Спанулис е најновиот и последниот член во тимот на деценијата во најквалитетното кошаркарско друштво во Европа.

37-годишниот Спанулис во текот на кариерата има освоено три титули во Евролигата, од кои две со Олимпијакос кога играше и Перо Антиќ. Спанулис во Евролигата може да се пофали со најмногу постигнати поени (4 239), најмногу асистенции (1 516) и со најдобар индекс во последнава деценија.

Покрај Спанулис место во тимот на деценијата имаше за Богдан Богдановиќ, Нандо де Коло, Димитри Дијамантидис, Лука Дончиќ, Кајл Хајнс, Серхио Љуљ, Хуан Карлос Наваро, Јоргос Принтезис и Милош Теодосиќ.

OhridNews