Согласно законот за локална самоуправа во случај на престанок на мандат на градоначалник поради настапување на смрт, процедурата започнува од советот на општината кој во рок од 15 дена треба да го извести надлежното министерство за локална самоуправа, кое потоа во рок од 15 дена треба да достави известување до владата.

Владата, според законот, има рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето, да иницира постапка за распишување на нови избори за градоначалник. Советот во рок од 30 дена по објавувањето на одлуката на владата треба да избере еден од членовите на советот кој ќе ја врши функцијата вршител должност на градоначалник. Изборот се врши со мнозинство од вкупниот број советници. ВД градоначалникот ќе ја врши функцијата до распишување на следни локални избори.

Неофицијално, целата процедура ќе тече многу пократко отколку што предвидуваат законските рокови.