Убавата колумбијка, воедно и најплатена ТВ актерка Софија Вергара, поттикнала нови шпекулации за свршувањето откако папараците забележале дијамантски прстен на нејзината лева рака. Не се знае дали тоа е свршенички прстен, но се знае дека неодамна актерката претставила сопствена линија накит, па можеби само ја промовирала својата нова колекција.
Сепак, Софија долго била во врска со Ник Лоеб, но нејзиното срце го освоил младиот згоден актер Џои Манџанело. Американските таблоиди пишуваат дека тие двајца веќе планираат заеднички живот и деца, но Софија рекла дека тие двајца одлично се забавуваат. Рекла дека ова е специјално време во нејзиниот живот и дека навистина одлично се забавува со него. А дали наскоро ќе застане пред олтарот, ќе дознаеме многу брзо.