Актерката Софија Вергара одлучила да отпатува во топлите краишта и со вереникот Ник Лебо да ги прослави Бадниковите и Божиќните празници.
Така ги демантирала гласините дека повеќе не е во врска со бизнисменот, а судејќи по фотографиите и насмевката на нејзиното лице, од раскинувањето на веридбата нема ништо. Софија под објавените фотографии напишала дека ништо не е како Мексико, и на сите им дала до знаење дека ужива со Ник на својот одмор.