Колумбиската глумица Софија Вергара која се прослави со серијата “Модерна Фамилија” се наоѓа на првото место на листата на најплатени глумици на ТВ составена од магазинот “Forbes”.

Четириесетгодишната глумица која неодамна се вери со Ник Лебом ја користи секоја шанса за заработка па покрај сериите рекламира и познати брендови. Нејзиниот труд се исплати па во минатите 12 месеци оствари заработа од вкупно 19 милиони долари.
На второ место се најде Ким Кардашијан која со своето реалити шоу оствари заработка од 18 милиони долари.

Третото место го завзеде ѕвездата на серијата “Очајни домаќинки” Ева Лонгорија со заработка од 15 милиони долари.