Во последниве денови во речиси сите светски медиуми во центарот на вниманието е Софија Вергара поради раскинувањето на веридбата со Ник Лоеб. Долгогодишниот вереник ја обвинил дека е ужасна и дека е вистинска вештиерка. Во меѓувреме се дознало дека актерката посетува третмани на кои добива инјекции за плодност, и така обзбедила вишок јајни ќелии кои ги замрзнала.

Наводно, Софија сака повторно да стане мајка. Нејзините пријатели откриле дека атрактивната актерка веќе оди на третмани на кои добила инјекции за плодност. Нема намера да раѓа, туку тоа за неа ќе го стори пријателка која се согласила да биде сурогат мајка. Инаку, Вергара веќе го има синот Маноло кој има 22 години.