Колумбиската актерка и модел Софија Вергара има 41 година и е позната по своето бујно деколте. Ја открил еден фотограф кога ја видел како чекори по плажа како тинејџерка. Набрзо се појавила во реклама за еден безалкохолен пијалок и понудите од пистите и телевизиите не стивнувале.
На 18 години се омажила за својата училишна љубов Џо Гонзалес и го родила синот Маноло кој денес има 21 година. Маноло тврди дека се топи од милост кога е во друштво на својата мајка, а сите мислат дека му е постара сестра. Заносната Вергара живее и работи во Мајами, каде и позирала топлес. Нема што, изгледа исто ако не и подобро околку пред 20 години.