Колумбиската актерка Софија Вергара веќе трета година по ред е најдобро платена телевизиска актерка, со заработка од неверојатни 37 милиони долари. За секоја снимена епизода од серијата „Модерно семејство“, која е една од најгледаните серии во историјата, Софија добива по 325 илјади долари, но поголем дел од богатството заработила од рекламирање познати брендови.
Една од најмоќните латино ѕвезди во Холивуд моментално глуми во филмот „Готвач“, заедно со Џон Фавро и Скарлет Јохансон. После неа, на второто место се нашла Маришка Харгитај, една од ѕвездите на серијата „Закон и ред“, која за една година заработила 13 милиони долари. Трета по заработка е Кејли Куоко, забвната Пени од „Бубалици“, која инкасирала 11 милиони долари.