Колумбиската актерка Софија Вергара успеала својот раскошен изглед и талент добро и да ги наплати, па оваа година избила на самиот врв на листата на Форбс за најдобро платени телевизиски актери. Оваа расна убавица заработила повеќе од 30 милиони долари од јуни 2012 до јуни 2013 година, со што се нашла на самиот врв на листата пред сите машки и женски актери во телевизискиот свет.
Вергара, која глуми во хитот „Модерно семејство“, по епизода заработува околу 175 илјади долари, што е сума која некои нејзини колеги ја добиваат за цела сезона. Софија 30 милиони заработила занимавајќи се со глума, но и со други добро платени работи, па големи хонорари добила и како заштитно лице на бројни производи. Благодарение на овие ангажманим во претходната година заработила дури шест милиони повеќе од вториот на листата, најплатениот машки актер Ештон Качер.