Актерката Софија Вергара и понатаму е на одмор на Миконос во Грција. Само малкумина не успеале да ја забележат фотографијата која заносната актерка ја објавила на друштвените мрежи. Актерката, која на Миконос го прославила својот 41. роденден објавила фотографија на која позира во бикини. Свртена со грб, облекла бикини и плетена сукња која ги открила нејзините убавини.

Под фотографијата напишала „Го сакам Миконос“. Таа веќе извесно време ужива во Грција, каде одмара со вереникот Ник Лоеб. Актерката во неколку наврати споменала дека итекако е горда на своите гради. Рекла дека тоа што е убава и што има бујни гради и отворило многу врати. Би била неблагодарна кога би рекла дека тоа било поради нејзиниот талент или памет.