Најсексипилната жена на светот минатата седмица се омажи за актерот Џо Манџаниело. Церемонијата беше одржана на Флорида во присуство на околу 400 поканети гости. Со оглед дека венчавката беше многу гламурозна, а припремата бараше голем напор, актерскиот пар одлучи да оди на меден месец каде што ќе можат да одморат далеку од очите на јавноста.

 

Софија и Џо одлучија медениот месец да го минат во луксузно одморалиште на островите Туркс и Кајкос во близина на Бахамите. Колку уживаат на одморот доказ се и фотографиите кои новопечениот брачен пар ги објавува на социјалните мрежи. Џо под една од фотографиите напиша дека тоа е најдобар одмор во неговиот живот, додека актерката напиша дека никогаш нема да го заборави местото каде што одмараат. Брачниот пар одлучи да престојува во приватна вила, за да можат да бидат потполно сами.