Можеби и не звучи многу, прва годишнина од врската, но мораме да имаме предвид дека се работи за Холивуд, светот на познатите и славните во кој врските завршуваат и за неколку денови. Сепак, нивната трае и трае, и се чини дека од ден на ден се се повеќе вљубени. Софија и Џо се запознаа минатата година и веднаш се вљубија еден во друг.
Се верија после само шест месеци на божиќна прослава на Хаваите. Сега забрзано ја планираат својата свадба, која воопшто не се соменаваме, ќе биде и тоа како гламурозна, а сигурно и голема со оглед на тоа што Софија секаде со себе го води и навистина големото семејство. Убавата актерката кратко изјавила дека никогаш не била посреќна и дека Џо е љубовта на нејзиниот живот.