Најзгодниот пар на светот, како што ги нарекуваат многумина, се вери во декември минатата година, а сега испрати покани за свадба. После бројните шпекулаци, актерите Софија Вергара и Џо Манџаниело одлучија местото на нивната венчавка да биде Палм Бич на Флорида во ноември оваа година.
Прославата ќе се одржи во еден луксузен хотел. Софија и Џо се верија минатата година на Божик после само шест месеци врска. Џо тоа го стори пред нејзиното семејство и синот Маноло. Ова за Софија ќе биде втор брак, додека згодниот Манџаниело ќе стапне на лудиот камен по прв пат во животот.