Актеркта Софија Вергара го прослави својот 42. роденден во кругот на семејството и момчето Џо Манџанело, а судејќи според фотографиите, колумбиската убавица изгледа и повеќе од среќно и ужива во новата љубов. Софија не ја тргала насмевката од лицето додека била во прегратките на своето ново момче, кое неодамна ја понесе титулата за најпосакуван ерген на светот.

Фотографиите од прославата на Инстаграм ги постави Клаудија, внуката на Софија. Роденденската торка била украсена со розе цветови, а гостите уживале во шампањско. Новопечениот пар изгледа многу среќно. Колумбијката и јунакот на серијата „True blood“ се запознале во мај на свечена вечера во Белата куќа, непосредно откако Софија ја раскина веридбата со Ник Лоеб.