Заводливата Софија Вергара овие денови во Русија го претставила својот нов парфем „Софија“, пишуваат странските медиуми. Таа рекла дека знае да заведува бидејќи е страсна колумбијка, а сега и другите жени ќе можат да учат од неа.

Додала дека со нејзиниот нов парфем секоја жена ќе се претвори во секс бомба. Според неа, мирисот на орхидеја и колумбиска роза толку бил еротичен, што жените нема да можат да се решат од своите додворувачи. Мажите ќе трчаат по нив како кученца.