Актерскиот пар Вергара-Манџаниело стапна на „лудиот камен“ после 17 месеци врска. Убавата колубијка подели со своите обожаватели доста фотографии од вечерата пред денешната прослава. Свадбената веселба се одржува денес во Палм Спрингс. Првите фотографии, но од вечерата пред свадбата, стигнаа на интернет токму благодарение на Софија Вергара и нејзиниот Инстаграм профил.

 

Свеченоста на која Вергара и нејзиниот колега Џо Манџаниело го изговорија судбоносното „да“ се смета за една од најскапите во Холивуд. Организирана е само за најблиските, семејството и пријателите, меѓу кои и Арнолд Шварценегер. Иако веќе беше во брак, од кој има син, Софија призна дека овие денови воопшто не и е лесно. Се пожали дека е нервозна и се однесува чудно. Ги нервира сите околу себе, но вели дека тоа е нормално со оглед на тоа што припремите за свадбата траат веќе неколку месеци.