Латино убавицата Софија Вергара ја раскинала веридбата со Ник Лоеб со кој била во врска две години. Како би ги избегнала шпекулациите на медиумите, актерката напишала блог и така самата ја објавила веста за раскинувањето. Таа на својот блог напишала дека ова не треба никого да го интересира, но сака да го избегне провлекувањето низ медиумите, па одлучила веста да ја соопшти лично. Објавила дека таа и Ник раскинале.
Софија, која има 41 година, исто така ја соопштила и причината за раскинувањето. Објаснила дека имале многу проблеми бидејќи не можеле да пронајдат доволно време да бидат заедно поради професиите кои ги имаат, и ситуацијата била се полоша и полоша. Сеуште биле блиски, но мислат дека ова е најдоброто решение за обајцата.