Американската актерка со колумбиско потекло, Софија Вергара, доби ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд. Како што пренесуваат американските медиуми, 42-годишната актерка на церемонијата на познатата филмска авенија била во друштво на синот Маноло и вереникот Џо Манџаниело. Вергара во таа прилика извела „жежок“ танц со ѕвездата на филмот “Magic Mike XXL”, а дел од снимката поставила на социјалните мрежи.
На својата официјална страница напишала дека е почестена со ова признание. Во последниве денови беше во центарот на внимането поради кавгата со својот поранешен партнер Ник Леб околу ембрионот кој го замрзнале заради идно ин витро оплодување додека сеуште биле заедно. Леб, 39-годишен американски бизнисмен, сака да ги присвои ембрионите, на што Софија се спротиставува, барајќи тоа прашање да се реши на суд.