Најплатената ТВ актерка Софија Вергара ова лето ќе се омажи за актерот Џо Манџаниело после година дена врска. Парот заедно се појавува на друштвените настани, како и на премиерите. Така Софија го пратела вереникот на премиерата на филмот ‘Magic Mike XXL’ во кој Џо глуми неодолив стриптизер, а потоа заедно отишле и на свадбата на една пријателка на Софија.

 

Софија била деверица во пастелно жолт фустан, но порачала дека наскоро и неа ќе ја видиме во бело. „Јас сум следната“, порачала под заедничката фотографија која ја објавила на Инстаграм. Иако не се знае точниот датум и дестинацијата во која славниот пар ќе ги каже брачните завети, секако се знае дека големата прослава се одржува ова лето.