Колумбиската актерка Софија Вергара ја тужи козметичката компанија “Венус концепт“, бидејќи користеле нејзина фотографија без одобрение и преку суд сега бара дури 15 милиони долари. Ѕвездата на серијата “Модерно семејство“ во август 2014 година, припремајќи се за 66. доделување на наградите Еми, била во салон на компанијата на затегнување на кожата на задникот и масажа.

 

Фотографијата од третманот ја поставила на својот Инстаграм профил, а компанијата за нега и убавина на жени почнала без одобрение да ја користи во реклами и промотивни материјали со наслов „Софија Вергара го сака ова“. Софија третманот го опиша како „губење време и пари со речиси никакви резултати“, а бидејќи верува во она што го рекламира и продава и не сака да ги лажи своите обожаватели, сега бара оштета од 15 милиони долари.