Најмалку пет луѓе смртно настрадаа во сабота заради исклучително високите температури во бугарската престолнина Софија, соопштија службите за вонредни состојби на Бугарија. Меѓу настраданите е и 75 годишен маж, кој отишол да џогира во градскиот парк, но му се слошило, паднал и починал на лице место. Како што се наведува, 178 луѓе колабирале заради високите температури во Софија, каде што температурата се приближи до 40 степени.
Во бугарската престолнина е прогласен портокалов метеоаларм, додека во повеќето други бугарски градови во сила е црвен метеоаларм. Во некои други бугарски градови температурата помина 40 степени.
Во Бугарија се воведени и ограничувања во сообраќајот, за да се заштитат асфалтните патишта од деформации.
OhridNews
извор Макфакс