Софија Лорен одлучила уште еднаш да ги изненади сите гледачи со својата убавина и глума, и покрај нејзините години, па се враќа на кино платната. Нејзината последна улога била во 2009 година кога кратко се појавува во мјузиклот “Девет“, додека последната долгометражна улога ја играла во 2004 година во филмот „Премногу романса….време е за полнети пиперки“.

Софија Лорен така ќе се појави во филмот „Човечки глас“ кој бил заснован на монодрама од 1930 година која ја напишал Жан Коста, а филмот ќе го режира нејзиниот син Едуардо Понти. Филмот ќе се снима во Италија, поточно во Рим и Неапол, за време од три седмици. Актерката неодамна добила признание за животно дело, за нејзината легендарна кариера.