Висок колку кулата во Пиза и долг колку три фудбалски игралишта, бродот „Фантазија“, на кого во четвртокот навечер во Наполи кума му беше Софија Лорен, заплови на своето прво крстарење по Средоземното Море. Ова е најголемиот брод во европската компанија „MSC“ од Наполи.

Од 8 до 10 јули наредната година на овој пловен објект ќе се одржи состанок на групацијата Г8, проширен со уште 12 земји од светот, а за таа пригода бродот ќе биде засидрен покрај Сардинија.


За МСЦ Фантазија се вели дека е најубавиот брод на светот. Долг е 330, висок 60 и широк 33 метри, а вкупно има 450.000 квадратни метри со 18 палуби, 25 лифтови, 1637 кабини за 3959 патници и постигнува брзина од 23,3 јазли. Поседува 15 базени, 150 фонтани, 19 барови и 5 ресторани.

На овој луксузен брод, кој ќе биде закотвен во Сардинија, светските лидери ќе одлучуваат за економската криза, гладните во светот и иднината на глобализацијата.